Лука 4:1-44

4  Исус, полн со свет дух, се врати од Јордан, и духот го водеше низ пустината+  четириесет дена,+ а Ѓаволот го искушуваше.+ Во тие денови ништо не јадеше, па кога изминаа, тој огладне.  Тогаш Ѓаволот му рече: „Ако си син Божји, кажи му на овој камен да стане леб!“  А Исус му одговори: „Напишано е: ‚Не смее човек да живее само од леб‘ “.+  Потоа го одведе на едно високо место и му ги покажа одеднаш сите царства на светот.*  И Ѓаволот му рече: „Ќе ти ја дадам власта над сите нив+ и нивната слава, бидејќи мене ми е предадена, и јас ја давам кому што сакам.+  Затоа, ако ми се поклониш,*+ сета власт ќе биде твоја“.  Тогаш Исус му рече: „Напишано е: ‚Јехова, својот Бог,+ обожавај го* и само нему служи му!‘ “*+  Тогаш го одведе во Ерусалим, го постави на врвот од храмскиот ѕид+ и му рече: „Ако си син Божји, фрли се одовде долу!+ 10  Зашто, напишано е: ‚На ангелите свои тој ќе им заповеда за тебе да те чуваат‘+ 11  и ‚Тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен‘ “.+ 12  Исус му одговори: „Кажано е: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘ “+ 13  Кога заврши со сите тие искушенија, Ѓаволот го остави, чекајќи друг поволен момент.+ 14  А Исус се врати во Галилеја+ исполнет со силата на духот, и добриот глас за него се рашири по целиот тој крај.+ 15  И почна да поучува и во нивните синагоги, и сите го почитуваа.+ 16  И дојде во Назарет,+ каде што порасна. Според својот обичај, влезе во синагогата во саботен* ден,+ па стана да чита. 17  И му го дадоа свитокот на пророкот Исаија, а тој го отвори свитокот и го најде местото каде што беше напишано: 18  „Јеховиниот дух+ е врз мене, зашто Бог ме помаза да им објавам добра вест на сиромасите, ме испрати да проповедам ослободување на заробените и враќање на видот на слепите, да ги пуштам на слобода здробените,+ 19  да ја проповедам Јеховината година на милоста“.*+ 20  Тогаш го свитка свитокот, му го врати на служителот и седна. Очите на сите во синагогата беа вперени во него. 21  И им рече: „Денес се исполнија овие зборови од Писмото, кои штотуку ги чувте“.+ 22  И сите се согласуваа со тоа и се восхитуваа на привлечните зборови+ што излегуваа од неговата уста. И велеа: „Не е ли овој синот на Јосиф?“+ 23  Тогаш им рече: „Сигурно ќе ја примените на мене оваа изрека: ,Лекару,+ излекувај се самиот себе!‘ И ќе речете: ‚Направи го и овде, во својот роден крај,+ она+ што чувме дека се случило во Капернаум!‘ “+ 24  И продолжи: „Навистина, ви велам, ниту еден пророк не е прифатен во својот роден крај. 25  Еве, ви ја кажувам вистината: во деновите на Илија, кога небото три години и шест месеци беше затворено, па во целата земја владееше голем глад, во Израел имаше многу вдовици,+ 26  но Илија не беше испратен кај ниту една од тие жени, туку само кај вдовицата во Сарепта,+ во сидонската земја. 27  Исто така, во времето на пророкот Елисеј, во Израел имаше многу лепрозни, но ниту еден од нив не беше исчистен, освен Сириецот Нааман“.+ 28  А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев,+ 29  па станаа, го истераа од градот и го одведоа во планината, на стрмнината на која што беше изграден нивниот град, за да го фрлат главечки удолу.+ 30  Но тој помина меѓу нив и си отиде.+ 31  И слезе во Капернаум,+ град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота, 32  а тие беа восхитени од неговото учење,+ бидејќи зборуваше како некој зад чии зборови стои Бог.+ 33  А во синагогата имаше еден човек кој беше обземен од дух,+ од нечист демон. И извика со силен глас: 34  „Леле! Што имаме ние со тебе,+ Исусе Назареќанецу?+ Дојде ли за да нѐ уништиш? Знам+ точно кој си: Светецот Божји!“+ 35  А Исус го прекори: „Замолчи и излези од него!“ Тогаш демонот го собори човекот пред нив, па излезе од него без да го повреди.+ 36  Тогаш сите се вчудовидоа и еден на друг си велеа: „Какви зборови се тоа? Тој со власт и сила им заповеда на нечистите духови, и тие излегуваат!“+ 37  И гласот за него се ширеше по целата околина.+ 38  Потоа стана и излезе од синагогата, па влезе во домот на Симон. А тештата на Симон ја мачеше силна треска, па го замолија да ѝ помогне.+ 39  И тој застана над неа, ѝ се закани на треската,+ и таа ја остави. И жената веднаш стана и почна да ги послужува.+ 40  А кога заоѓаше сонцето, сите што имаа болни, кои боледуваа од разни болести, ги доведуваа кај него. Тој ги полагаше рацете врз секој од нив и ги оздравуваше.+ 41  А и демоните излегуваа од мнозина,+ викајќи: „Ти си Синот Божји!“+ Но тој ги прекоруваше и не им дозволуваше да зборуваат,+ бидејќи знаеја+ дека тој е Христос.*+ 42  Кога се раздени, излезе и отиде на едно осамено место,+ а народот го бараше. Дојдоа до него и сакаа да го задржат да не си оди откај нив. 43  А тој им рече: „И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен“.+ 44  И продолжи да проповеда по синагогите во Јудеја.+

Фусноти

Буквално: „целата населена земја“.
Или: „ако ми покажеш почит; ако извршиш пред мене чин на обожавање во моја чест“.
Буквално: „На Јехова, својот Бог, клањај му се“.
Или: „врши му света служба“.
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „поволна (прифатлива) година“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.