Еремија 9:1-26
9 Барем да ми беше главата вода, а очите да ми беа извор на солзи!+ Тогаш дење и ноќе ќе плачев за убиените синови на ќерката на мојот народ.+
2 Барем да имав како патник ноќевалиште во пустината!+ Тогаш ќе го оставев својот народ и ќе си отидев откај него, зашто сите се прељубници,+ собир на предавници.+
3 Како лак го напнуваат својот јазик за да лажат,+ а по верноста не се познати на земјата.
„Зашто, одат од зло во зло, а на мене не се обѕираат“,+ вели Јехова.
4 „Секој нека се чува од својот пријател,+ не верувајте му на ниту еден брат!+ Зашто, секој брат настојува да го истурка другиот,+ и секој пријател оди наоколу и клевети,+
5 и секој го лаже својот пријател,+ никој не ја зборува вистината. Својот јазик го навикнале да зборува лаги.+ Се изморија од правење зло.+
6 Ти престојуваш среде измама.+ Поради измама тие не сакаат да знаат за мене“,+ вели Јехова.
7 Затоа вака вели Јехова над војските: „Еве, ги топам и ги испитувам,+ зашто, што друго да ѝ направам на ќерката на мојот народ?+
8 Нивниот јазик е смртоносна стрела.+ Зборува измама. Со својата уста човек зборува мирољубиво со својот пријател, а во себе му готви заседа“.+
9 „Нема ли да одговарате пред мене за тоа?“ — вели Јехова. „Нема ли мојата душа да му се одмазди на таквиот народ?+
10 Ќе заплачам и ќе тажам над планините,+ ќе запеам тажачка над пасиштата во пустелијата, зашто ќе бидат изгорени,+ па никој нема да поминува низ нив и таму нема да се чуе глас на стока.+ И небесните птици и ѕверовите ќе избегаат, ќе си отидат.+
11 Ќе го претворам Ерусалим во куп камења,+ во шакалско дувло.+ Градовите на Јуда ќе ги претворам во пустош, ќе останат без жители.+
12 Кој е мудар, па да го разбере тоа? Кому му зборуваше Јеховината уста, па да го објави тоа?+ Зошто ќе пропадне земјата, зошто ќе биде изгорена како пустина, и никој нема да поминува низ неа?“+
13 А Јехова рече: „Тие го оставија мојот закон, кој го ставив пред нив, не го слушаа мојот глас и не живееја* според мојот закон,+
14 туку се поведуваа по своето тврдокорно срце+ и одеа по ликовите на Ваал,+ како што ги научија нивните татковци.+
15 Затоа Јехова над војските, Богот на Израел, вели: ‚Еве, ќе го нахранам овој народ со пелин+ и ќе го напојам со затруена вода.+
16 И ќе ги распрснам меѓу народи што не ги познаваа ниту тие ниту нивните татковци,+ и ќе праќам по нив меч сѐ додека не ги истребам‘.+
17 Вака вели Јехова над војските: ‚Бидете разборити и повикајте ги тажачките+ да дојдат! Испратете по жени што се вешти во тажење, нека дојдат+
18 и брзо нека почнат да редат над нас! Од нашите очи нека потечат солзи, од нашите веѓи нека потечат води!+
19 Зашто, глас на оплакување се слуша од Сион:+ „Опустошени сме!+ Колку сме посрамени! Ја оставаме оваа земја, уништени се нашите живеалишта“.+
20 Затоа, чујте ја, жени, Јеховината реч, вашето уво нека ја прими речта од неговата уста! И научете ги своите ќерки да редат,+ учете се една со друга да тажите!+
21 Зашто, смртта се качува низ нашите прозорци, влегува во нашите утврдени дворци за да ги истреби децата од улиците и младичите од плоштадите‘.+
22 Речи: ‚Вака вели Јехова: „Мртвите човечки тела ќе лежат како гној по полето и како жито кое жетварот штотуку го ожнеал, а кое нема кој да го собере“ ‘ “.+
23 Вака вели Јехова: „Мудриот нека не се фали со својата мудрост!+ Силниот нека не се фали со својата сила!+ Богаташот нека не се фали со своето богатство!“+
24 „Кој се фали, нека се фали со тоа што е разборит*+ и ме познава мене, што знае дека јас сум Јехова,+ оној што покажува милост,* правда и праведност на земјата,+ зашто на тоа се радувам“,+ вели Јехова.
25 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе ги повикам на одговорност сите што се обрежани, но сепак се во необрежаност,+
26 со Египет,+ и со Јуда,+ и со Едом,+ и со синовите на Амон,+ и со Моав,+ и со сите што ја потстрижуваат косата на слепоочниците и живеат во пустината,+ зашто сите тие се народи необрежани и целиот Израелов дом има необрежано срце.“+
Фусноти
^ Буквално: „одеа“.