Еремија 3:1-25

3  Велат: „Ако човек ја отпушти својата жена, па таа отиде откај него и му стане жена на друг човек, може ли пак да се врати кај неа?“+ Не е ли таа земја сосема извалкана?+ „А ти блудствуваше со многуте свои љубовници.+ Можеш ли да се вратиш кај мене?“+ — вели Јехова.  „Крени ги очите кон своите разгазени патеки и погледни!+ Каде ли не те силуваа?+ Покрај патиштата седеше и ги чекаше своите љубовници, како што Арабјанец чека во пустина.+ Ја валкаш земјата со своето блудство и со својата злоба.+  Затоа престанаа обилните дождови,+ нема ни пролетен дожд.+ Твоето чело стана чело на блудница. Повеќе немаш срам.+  Ќе ме повикуваш ли сега, велејќи: ‚Татко мој,+ ти си ми близок пријател од младоста!+  Ќе се гневиш ли довека? Ќе памтиш ли вечно?‘+ Така зборуваш, а и понатаму правиш зло колку што можеш.“+  Вака ми рече Јехова во деновите на цар Јосија:+ „ ,Виде ли што прави неверницата Израел?+ Оди на секоја висока гора+ и под секое зелено дрво+ и таму се оддава на блуд.+  По сето тоа што го направи, ѝ велев да се врати кај мене, но не се врати.+ А Јуда ја гледаше својата неверна сестра.+  Кога го видов тоа, ја отпуштив неверницата Израел поради прељубата што ја направи+ и ѝ дадов потврда за развод.+ Но нејзината неверна сестра, Јуда, не се исплаши, туку и таа отиде и вршеше блуд.+  Таа се оддаде на блуд поради својата лекомисленост, и ја извалка земјата+ и правеше прељуба со камења и со дрвја.+ 10  Покрај сето тоа, нејзината неверна сестра, Јуда, не се врати кај мене со цело срце,+ туку лажно‘,+ вели Јехова“. 11  И Јехова ми рече: „Неверницата Израел се покажа поправедна во душата отколку неверната Јуда.+ 12  Оди и објави му ги овие зборови на северот,+ и речи: , „Врати се, одметничке, Израеле!“ — вели Јехова.+ „Нема да се гневи моето лице на вас,+ зашто јас сум лојален“,+ вели Јехова. „Нема довека да се гневам.+ 13  Увиди ја тежината на својот престап, зашто згреши против Јехова, својот Бог.+ На сите страни трчаше кај туѓинците+ под секое зелено дрво.+ А мојот глас не го слушавте“, вели Јехова‘ “. 14  „Вратете се, синови одметници!“+ — вели Јехова. „Зашто јас сум вашиот маж*+ и јас ќе ве земам, по еден од град и по двајца од племе, и ќе ве доведам на Сион.+ 15  Ќе ви дадам пастири според моето срце,+ и тие ќе ве пасат со знаење и со разборитост.*+ 16  Во тие денови ќе се намножите и ќе раѓате род во земјата“, вели Јехова.+ „Нема повеќе да велите: ‚Ковчегот на Јеховиниот сојуз‘,+ и нема повеќе да размислувате за него,* нема да се сеќавате на него,+ ниту ќе ви недостасува, и никогаш повеќе нема да го направите. 17  Во тоа време Ерусалим ќе се вика престол на Јехова,+ и сите народи ќе се собираат+ во Ерусалим, за да го фалат името на Јехова во него,+ и нема повеќе да се поведуваат по своето тврдокорно и злобно срце.“+ 18  „Во тие денови домот на Јуда ќе оди покрај домот на Израел,+ и заедно+ ќе тргнат од северната земја кон земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.+ 19  А јас реков: ‚О, како те поставив меѓу синовите и ти ја дадов пожелната земја,+ наследството на кое му се восхитуваат војските на народите!‘ Уште реков: ‚Вие ќе ме повикувате, велејќи: „Татко мој!“+ — и нема да отстапите од мене‘. 20  ‚Но како што жена го изневерува својот маж и си оди откај него,+ така и вие, доме Израелов, ме изневеривте мене‘,+ вели Јехова.“ 21  На разгазените патеки се чуја плачот и сесрдните молби на Израеловите синови. Зашто, тие ги расипаа своите патишта,+ го заборавија Јехова, својот Бог.+ 22  „Вратете се, синови одметници!+ Ќе го излекувам вашето одметништво.“+ „Еве нѐ! Доаѓаме кај тебе, зашто ти, Јехова, си нашиот Бог.+ 23  Навистина, ридовите и вревата на планините+ — сето тоа е лажно.+ Навистина, од Јехова, нашиот Бог, е спасението на Израел.+ 24  А срамотниот бог+ го јадеше трудот на нашите татковци уште од нашата младост, нивната ситна и крупна стока, нивните синови и нивните ќерки. 25  Лежиме во својот срам+ и нѐ покрива нашето понижување.+ Зашто, на Јехова, својот Бог, му грешевме,+ и ние и нашите татковци, од нашата младост до ден-денес,+ и не го послушавме гласот на Јехова, нашиот Бог.“+

Фусноти

Буквално: „сопственик (господар)“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „нема да ви доаѓа во срцето“.