Дела на апостолите 2:1-47

2  А на денот на Педесетницата,+ сите беа заедно на исто место.  И одеднаш настана шум од небото, како при налет на силен ветар, и ја исполни целата куќа во која седеа.+  И здогледаа нешто како пламени јазици,+ кои се разделија, па на секого од нив слезе по еден.  И сите се исполнија со свет дух+ и почнаа да зборуваат на разни јазици,+ како што им даваше духот да зборуваат.  А во тоа време во Ерусалим престојуваа богобојазливи+ Евреи+ од сите народи под небото.  Па така, кога се чу тој звук, се собраа мноштво луѓе. Беа збунети, бидејќи секој ги чу учениците како зборуваат на неговиот јазик.  Сите беа изненадени и се чудеа, велејќи: „Гледајте, зарем не се Галилејци+ сите овие што зборуваат?  Како тоа секој од нас да го слуша својот јазик во кој се родил?  Парти, Медијци,+ Еламци,+ жители на Месопотамија, на Јудеја,+ на Кападокија,+ на Понт+ и на Азија,*+ 10  на Фригија,+ на Памфилија,+ на Египет и на либиските краишта околу Киринија, патници од Рим, и Евреи и луѓе преобратени во еврејската вера,+ 11  Криќани+ и Арабјани+ — сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за величествените Божји дела!“ 12  Сите беа зачудени и збунети, и се прашуваа еден со друг: „Што би можело да биде ова?“ 13  Други, пак, ги исмејуваа и велеа: „Се напиле слатко вино“.+ 14  Но Петар стана со единаесеттемина+ и со силен глас му се обрати на мноштвото: „Луѓе Јудејци и сите вие што живеете во Ерусалим,+ знајте го ова и послушајте ги моите зборови! 15  Овие луѓе не се пијани,+ како што мислите вие — зашто допрва е третиот* час од денот. 16  Напротив, тоа е она што го рече пророкот Јоил: 17  ‚„А во последните денови“, вели Бог, „ќе го излеам својот дух+ на најразлични луѓе, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, вашите младичи ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.+ 18  Дури и на своите робови и на своите робинки ќе го излеам својот дух во тие денови, и тие ќе пророкуваат.+ 19  И ќе дадам предзнаци горе на небото и чудесни знаци долу на земјата, крв и оган и облаци од чад.+ 20  Сонцето+ ќе се претвори во темнина и месечината во крв пред да дојде големиот и славен Јеховин ден.+ 21  И секој што ќе го повика името на Јехова, ќе биде спасен“ ‘.+ 22  Луѓе Израелци, чујте ги овие зборови: Исус Назареќанецот,+ човекот кого Бог пред вас го потврди со моќни дела,*+ со предзнаци и со чудесни знаци, кои преку него ги направи меѓу вас,+ како што и самите знаете, 23  тој човек, предаден на непријателите за да се исполни она што Бог цврсто го наумил и однапред го знаел,+ вие го приковавте на столб со раката на беззакониците и го убивте.+ 24  Но Бог го воскресна,+ ослободувајќи го од оковите на смртта,+ бидејќи не беше можно смртта да го задржи.+ 25  Зашто, Давид за него вели: ‚Јехова ми е постојано пред очите. Тој е од мојата десна страна за да не се поколебам.+ 26  Затоа моето срце се развесели и мојот јазик многу се израдува. А моето тело ќе почива во надеж,+ 27  зашто нема да ја оставиш мојата душа во гробот,* ниту ќе дозволиш твојот лојален слуга да види распаѓање.+ 28  Ти ми ги објави патиштата на животот, твоето лице ќе ме исполни со веселба‘.+ 29  Луѓе, браќа, дозволете да ви зборувам отворено за прататкото Давид, дека умре+ и беше погребан и дека неговиот гроб е меѓу нас до ден-денес. 30  Според тоа, бидејќи беше пророк и знаеше дека Бог му се заколна со заклетва дека ќе го седне неговиот потомок* на неговиот престол,+ 31  тој однапред го виде и го навести Христовото* воскресение, дека нема да биде оставен во гробот,* ниту неговото тело ќе види распаѓање.+ 32  Бог го воскресна тој Исус, а за тоа сите ние сме сведоци.+ 33  Според тоа, бидејќи Бог, Таткото, го возвиши и му даде да седи од неговата десна страна+ и бидејќи од него го прими ветениот свет дух,+ тој дух го излеа на нас, како што гледате и слушате. 34  Зашто, Давид не се вознесе на небото,+ туку самиот вели: ‚Јехова му рече на мојот Господар:* „Седи од мојата десна страна+ 35  додека не ги положам твоите непријатели како подножје на твоите нозе!“ ‘+ 36  Затоа, сиот дом Израелов нека знае со сигурност дека Бог него го направи и Господар+ и Христос, тој Исус кого вие го приковавте на столб“.+ 37  А кога го чуја тоа, ги прободе в срце,+ па им рекоа на Петар и на останатите апостоли: „Луѓе, браќа, што треба да правиме?“+ 38  А Петар им рече: „Покајте се+ и секој од вас нека се крсти+ во името+ на Исус Христос за да му бидат простени+ гревовите, и ќе го примите бесплатниот дар+ на светиот дух. 39  Зашто, тоа ветување+ ви е дадено вам и на вашите деца и на сите оние што се далеку,+ сеедно колкумина ќе бидат оние што Јехова, нашиот Бог, ќе ги повика кај себе“.+ 40  И со многу други зборови темелно сведочеше и ги поттикнуваше: „Спасете се од ова расипано поколение!“+ 41  Затоа, оние што со сето срце го прифатија она што тој го зборуваше, беа крстени,+ и тој ден на учениците им се придружија околу три илјади души.+ 42  И му се посветија на апостолското учење, меѓусебно делеа сѐ што имаа,+ заедно јадеа+ и истрајно се молеа.+ 43  И страв ја обземаше секоја душа, а апостолите правеа многу чуда и предзнаци.+ 44  А сите што станаа верници беа заедно и сѐ им беше заедничко.+ 45  И ги продаваа своите сопствености и имоти,+ а приходот им го делеа на сите, секому колку што му требаше.+ 46  И секој ден еднодушно поминуваа многу време во храмот,+ и заедно јадеа по домовите на браќата и ја земаа храната со голема радост+ и со искрено срце, 47  фалејќи го Бог и уживајќи ја наклоноста од сите луѓе.+ А Јехова секојдневно им ги придодаваше+ оние што доаѓаа на патот на спасението.+

Фусноти

„Азија“ во Библијата е име на провинција во Римското Царство.
Околу 9 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
Или: „го покажа со чуда“.
Буквално: „адот“.
Буквално: „плодот на неговите бедра“.
Или: „на Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „адот“.
Види го додатокот 11.