Јона 2:1-10

2  Тогаш Јона му се помоли на Јехова, својот Бог, од утробата на рибата+  и рече:„Во својата неволја го повикав Јехова,+ и тој ме услиши.+Од утробата на гробот* повикав за помош.+Ти го чу мојот глас.+   Кога ме фрли во длабочините, во срцето на отвореното море,+тогаш ме опкружи водната струја.Сите твои побеснети води и твоите бранови минаа преку мене.+   А јас реков: ‚Протеран сум од пред твоите очи!+Како ќе го гледам повторно твојот свет храм?‘+   Водите ми ја опкружија душата,+ водната бездна ме опколи.Тревите морски ми се завиткаа околу главата.   Слегов до темелите на планините.Резињата на земјата се затворија над мене засекогаш.Но ти го извади мојот живот од јамата, о Јехова, Боже мој.+   Кога мојата душа премале во мене,+ се сетив на Јехова.+Тогаш мојата молитва стигна до тебе, во твојот свет храм.+   А оние што ги почитуваат ништожните идоли го оставаат оној што им покажува милост.*+   А јас ќе ти благодарам и жртви ќе ти принесувам.+Сѐ што заветував, ќе исполнам.+ Спасението е од Јехова“.+ 10  И по некое време, Јехова ѝ заповеда на рибата, и таа го изблува Јона на копно.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.