Јов 14:1-22

14  Човекот роден од жена+има краток век+ и полн е со немир.+   Како цвет никнува, и го кинат,+како сенка бега,+ и не останува.   Да, врз таквиот си го отворил своето око,и мене ме водиш на суд.+   Кој ќе извади чисто од нечисто?+Никој!   Ограничен е животниот век на човекот,+во твоја власт е бројот на неговите месеци,си донел за него одредба преку која не може да помине.   Тргни го погледот од него за да се одмори,+додека не почувствува радост како наемникот на крајот од својот работен ден!   Зашто, и за дрвото има надеж.Ако го исечат, ќе потера пак+и нема да остане без фиданки.   Ако му остари коренот во земјатаи неговата пенушка изумира во правта,   ќе потера кога ќе почувствува вода+и ќе пушти гранки како младо растение.+ 10  Но, човекот умира и лежи совладан.Кога ќе издивне земниот човек, каде е?+ 11  Водите исчезнуваат од морето,реката секнува и пресушува.+ 12  Човек мора да легне, и повеќе не станува.+Додека не исчезне небото, нема да се разбуди,+и нема да се тргне од својот сон.+ 13  О, да ме скриеше во гробот,*+да ме скриеше додека не ти мине гневот,да ми одредеше рок+ и потоа да се сетеше на мене!+ 14  Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак?+Ќе чекам во сите дни од времето што ми е одредено,*+додека не дојде моето ослободување.+ 15  Ќе повикаш, и јас ќе ти се одѕвијам.+Ќе копнееш по делото на своите раце. 16  А сега ми ги броиш чекорите,+ништо друго не гледаш освен мојот грев.+ 17  Мојот бунтовнички престап е запечатен во вреќа,+и мојата вина ја зацврстуваш со лепило. 18  Но, и планината ќе се урне, ќе се распадне, ќе исчезне,карпата ќе се премести од своето место. 19  Водата ги излижува и камењата,нејзиното истекување го измива земниот прав.Така ти ја уништуваш надежта на смртниот човек. 20  Го совладуваш засекогаш, и тој заминува,+му го изобличуваш лицето, па го отпушташ. 21  Кога ги почитуваат неговите синови, тој не знае за тоа,+кога се презрени, тој не е свесен за тоа. 22  Само телото ќе го боли додека е живи неговата душа ќе тажи додека е во него“.

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Буквално: „од принудната работа; од робувањето“, што овде е симбол за смртта која ги држи луѓето во ропство.